4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРастат трошоците за задолжување на Германија

Растат трошоците за задолжување на Германија

germany2

Германија на вчерашната аукција за 30-годишни обврзници плати најголеми каматни стапки за последните две години, со забележан пад на побарувачката.

Просечната каматна стапка на 30-годишните обврзници, вредни 1,66 милијарди евра изнесуваше 2,64 проценти, во однос на 2,47 проценти од аукцијата во јули, и таа е најголема од октомври 2011 година, соопшти Бундесбанк, пренесува агенцијата Франс прес.

Германија, најголемата економија во еврозоната, долго време уживаше во ниските трошоци за задолжување, додека нејзините европски партнери се бореа со рецесијата и буџетскиот дефицит, со што инвеститорите се свртеа кон германските облигации како сигурна инвестиција.

Сепак, како што економските услови во регионот започнаа да се поправаат, така каматните стапки на германскиот долг започнаа да растат. Ниските приноси на обврзниците му овозможија на Берлин значително да ги намали каматните стапки и на тој начин да ги зајакне јавните финансии и да се приближи кон целта за балансирање на буџетот, што се очекува во 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП