8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПад на продажбата на цигари на BAT

Пад на продажбата на цигари на BAT

britischamericantobacco1

„British American Tobacco-BAT“ најголемата тутунска компанија во Европа, во 2013 година оствари раст на профитот од 3,5 проценти, и покрај падот на продажбата на цигари.

Растот на профитот на „BAT“ е остварен благодарение на поскапувањето на цигарите, пренесува агенцијата АФП.

Производителот на „Dunhill“, „Kent“, „Lucky Strike“ и „Pall Mall“ од јануари до септември продал за 3,2 проценти помалку цигари.

Во споменатиот период продажбата се зголемила само во пацифичкиот дел на Азија, и тоа за 5,7 проценти, додека на американскиот континент опадна за 6,7 проценти, а во западна Европа за дури 8,4 проценти.

Во источна Европа, Блискиот Исток и Африка забележан е пад од 5,1 проценти. Управата на компанијата смета дека „BAT“ ќе забележи солиден раст на профитот до крајот на годината, благодарение на зголемените цени на цигарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП