4 октомври, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Xiaomi“ ја предизвикува „Tesla“: Кинезите најавија теренец за 19.000 евра

„Xiaomi“ ја предизвикува „Tesla“: Кинезите најавија теренец за 19.000 евра

„Xiaomi“ го имаше своето деби во светот на автомобилите оваа година, а за 2025-та година најави уште еден модел, за кој вели дека ќе му парира на „Model Y“ на „Tesla“.

Од компанијата „Xiaomi“ рекоа дека создале „SUV“ кој ќе биде директен ривал на „Model Y“ и дека го развиваат од 2021-ва година.

Откако автомобилот „Xiaomi SU7“ се „стркала“ на производните ленти, кинеската марка реши да ја информира јавноста за новиот теренец, кој светлото на денот треба да го види во 2025-та година, а најдоцна во почетокот на 2026-та година.

Засега се познати малку детали за идниот „SUV“, но упатените во индустријата навестуваат дека тој е дизајниран да го освои „мејнстрим пазарот“. Се верува дека ќе биде уште понапреден од седанот „SU7“, и ќе ги исправи сите дефекти што ги има.

Цената е значаен фактор на високо конкурентниот пазар на електрични возила, а „Xiaomi“ е фокусиран на достапноста. Така, во Кина „SU7“ чини нешто помалку од 28.000 евра, додека идниот „SUV“ би требало да биде уште поевтин – околу 19.200 евра. Дефинитивно може да привлече повеќе купувачи и да го размрда кинескиот пазар за електрични возила.

Фабриката во Пекинг се очекува да достигне бројка од 300.000 произведени автомобили годишно, што јасно покажува дека „Xiaomi“ има намера да стане значаен играч на брзорастечкиот пазар на електрични возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП