26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеските автобуси се нова закана за европската автомобилска индустрија

Кинеските автобуси се нова закана за европската автомобилска индустрија

Европските производители на автомобили, владите и Европската комисија (ЕУ) се сè позагрижени за кинеските патнички автомобили на батерии, но постои уште една закана за транспортот: електричните градски автобуси, пишува „Politico“.

Европските лидери оваа недела се состанаа со кинескиот државен лидер Си Џинпинг, кој во петокот ја заврши посетата на Франција, Србија и Унгарија. Топ тема што предизвика тензии беше истрагата на ЕУ за тоа дали кинеските електрични автомобили се неправедно субвенционирани од Пекинг.

Една петтина од електричните автомобили продадени во Европа минатата година дојде од Кина, а „зелената“ невладина организација „Transport & Environment“ очекува тој број да се зголеми на една четвртина во оваа година.

Има слични грижи за автобускиот сектор: дека Кина би можела да го искористи обемот на својот домашен пазар – каде речиси сите автобуси се електрични – и да ги намали трошоците за производство за да ги уништи европските ривали. Но, засега, Брисел ги отфрла повиците од индустријата да ги испита кинеските производители на автобуси за неправедни субвенции.

„Заканите за конкурентноста на индустријата вклучуваат жестока глобална конкуренција, при што кинеските производители на автобуси ги добиваат своите сегашни удели на пазарот во ЕУ во текот на неколку години“, посочува Томас Фабијан, директор за комерцијални возила во Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA).

Индустријата брзо се менува благодарение на одлуката на ЕУ да ја забрани продажбата на автобуси што емитуваат јаглерод до 2035-та година, со привремена цел за 90% намалување на емисиите до 2030-та година. Ова го поддржува пазарот на автобуси без фосилни горива, а особено оние електричните.

Градските автобуси се во првите редови на електрификацијата, за разлика од автобусите на долги релации, тие следат фиксни рути, поминуваат пократки растојанија и можат лесно да се полнат, вели Меѓународната агенција за енергија (ИЕА).

И ова е сектор во кој кинеските компании се моќни играчи.

Минатата година, 12-те најдобри производители на континентот продадоа 5.107 електрични автобуси, од кои речиси една третина произведени од кинеската „Yutong“, „BYD“ и заедничкото вложување на „BYD“ со британските „Alexander Dennis“ и „Zhongtong“, покажа извештајот на „Chatrou CME Solutions“.

Во 2022-ра година кинеските компании контролираат 41 отсто од пазарот. Нивниот удел падна благодарение на порастот на производството на електрични автобуси од германскиот „MAN“ и полскиот „Solaris“, подружница на шпанската „CAF“.

Производителот на тешки стоки „Daimler Truck“ го опиша пазарот на автобуси како „многу конкурентна и ценовно чувствителна индустрија“.

Кинескиот бренд за електрични возила „BYD“ ужива во се поголемото присуство. Има амбициозни планови за пазарот на електрични возила и е доминантен играч во електричните автобуси со фабрики во Британија, Холандија и Унгарија.

Во јануари, „BYD“ успеа да обезбеди договор за снабдување на 92 автобуси во вредност од 43 милиони евра на фламанската државна компанија „De Lijn“ – огромна загуба за локалните производители како што се „Van Hool“ или „VDL Bus & Coach“. Договорот содржи дополнителна одредба за испорака на вкупно 500 автобуси во иднина, што би донело 234 милиони евра за „BYD“.

„Van Hool“ поднесе барање за стечај минатиот месец.

„VDL“ тврди дека „BYD“ е во голема мера субвенциониран од кинеската влада.

„За да се овозможи фер конкуренција и да се врати нерамномерното поле за игра, ние со години се залагаме за акција од страна на ЕУ“, вели портпаролот на „VDL“, Миел Тимерс.

Фабијан од „АСЕА“ истакнува дека политичарите се одговорни да обезбедат производителите на автобуси да продолжат да се „натпреваруваат на рамноправно поле за игра“.

Досега, ЕК не ги таргетираше своите инспектори за конкуренција во автобускиот сектор на ист начин како што ги насочуваше кон електричните автомобили – многу поголем економски сектор.

Европските компании се надеваат дека Брисел внимателно ќе го следи пазарот.

„Пазарите на ЕУ се достапни за секоја компанија која е во согласност со европските регулативи. Уверени сме дека европските власти за конкуренција ќе се погрижат конкуренцијата да биде фер и во иднина“, рече портпаролот на „Volvo“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП