26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА Пад на чешката автомобилска индустрија за 4 до 5 проценти

Пад на чешката автомобилска индустрија за 4 до 5 проценти

ceska koli

Производството на автомобили во Чешка, оваа година ќе опадне за 4 до 5 проценти, јави дописникот на МИА од Прага.

Според, предвидувањата на Асоцијацијата на автомобилската индустрија во земјата, до крајот на годината домашните фабрики ќе произведат 1,115.000 милиони автомобили, односно околу 60.000 помалку од лани.

Трендот на опаѓање на автомобилското производство започна во 2011-та година, кога е остварено рекордно производство од речиси 1,2 милиони автомобили.

Познавачите на оваа тематика, причината ја гледаат во актуелната ситуација во Европа, каде домашните фабрики извезуваат, а се смета дека ситуацијата ќе се подобри во делот на производството на автобуси, каде се предвидува осумпроцентен пораст. Најголем чешки производител на автобуси е „Ивеко-Чешка“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП