23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ ја намали прогнозата за раст на Русија

ММФ ја намали прогнозата за раст на Русија

rusija3

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја намали прогнозата за раст на БДП на Русија за 2013 година од очекуваните 2,5 на 1,5 проценти, а во 2014 година од 3,25 на 3 проценти.

Забавувањето на темпото на раст на БДП-то, експертите од Фондот го објаснуваат со релативно ниското ниво на инвестиции, странската побарувачка и индустриското производство во Русија, со упорно високата стапка на инфлација и невработеност.

Тие истакнуваат дека сето тоа се случува во контекст на активното користење на производните капацитети, при што, неискористени резерви во економијата не остануваат многу, пренесува Итар тас.

Во документот се наведува дека во иднина Русија треба да се потпре на ефикасен модел на користење на природните ресурси и активно привлекување на инвестиции.

Експертите од ММФ сметаат дека во развојот на дадениот економски модел Русија треба да ја оптимизира продуктивноста на работата, да ги усовршува моделите за управување со економијата и да ја направи уште потранспарентна.

ММФ го насочува вниманието на потребата да се зајакне позицијата на финансискиот сектор во Русија, кој е, по мислењата на аналитичарите, двигател на растот на руската економија. Во Фондот сметаат дека Москва треба активно да ја промовира и поттикнува конкуренцијата во тој сектор.

Важен фактор за успешен развој на земјата и откривање на потенцијалите, авторите на документот гледаат во учеството на Русија во Светската трговска организација и во ефикасното исполнување на сите преземени обврски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП