7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИWalt Disney отвора продавници во Русија

Walt Disney отвора продавници во Русија

waltdisney1

Компанијата „Walt Disney“, најголемата компанија во индустријата за забава, планира да отвори малопродажни објекти во Русија.

Двете продавници во Мoсква и една во Санкт Петербург би можеле да бидат отворени веќе наредната година.

Компанијата е заинтересирана за објекти со големина од 300 до 500 квадратни метри, а максималниот годишен закуп би изнесувал околу 2,7 милиони долари.

Покрај тоа, руската канцеларија на „Walt Disney“ во моментов спроведува тендер меѓу трговците за избор на партнер за развој на ланецот „Disney Play“ и „Disney Style“, специјализиран за продажба на играчки и облека. Секој ланец мора да има 100 продавници, со површина од околу 100 до 150 квадратни метри.

За последните девет месеци компанијата остварила оперативен профит од 765 милиони долари, а приходите од продажбата на стока достигнале 2,6 милијарди долари.

„Walt Disney“ има 216 продавници во Северна Америка, 106 во Европа и 47 во Јапонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП