
Компанијата Хјулит Пакард ги претстави резултатите од глобалната студија спроведена од Институтот Понемон (Ponemon Institute), посочувајќи дека цената, фрекфенцијата и времето за решавање на сајбернападите растат четврта година по ред.


Компанијата Хјулит Пакард ги претстави резултатите од глобалната студија спроведена од Институтот Понемон (Ponemon Institute), посочувајќи дека цената, фрекфенцијата и времето за решавање на сајбернападите растат четврта година по ред.
Спонзорирана од HP Enterprise Security Products, студијата покажува дека, просечните годишни трошоци за сајберкриминалот, споредени со бенчмарк примерокот на американските организации, е 11.56 милиони долари, претставувајќи 78% зголемување од иницијалната студија спроведена пред четири години.Резултатите, исто така, откриваат дека времето потребно да се реши еден сајберкриминал е зголемено за 130 проценти во текот на истиот период, со вкупна просечна вредност на трошоците за решавање на поединечен напад од милион долари.
Софистицираноста на сајберкриминалот, во текот на овие години, рапидно се зголемила како што противниците се специјализираат и ги делат информациите со цел да добијат осетливи податоци и да пореметат критични функции на компаниите. Според студијата од 2013, напредните безбедносно-интелигентни алатки, како што е (SIEM – security information и event management), системот за мрежна интелигенција и за анализа на големи податоци, значајно може да помогнат да се ублажат нападите и да се намалат трошоците за сајберкриминал
Клучни наоди од студијата во 2013 година се:
„Пејсажот од закани продолжува да еволуира, како што сајбернападите имаат пософистицирано, фреквентно и финансиско влијание“, вели Франк Монг, заменик претседател и генерален менаџер, Solutions, Enterprise Security Products, HP. „За четири последователни години, забележавме заштеда на трошоците кои ги овозможуваат безбедносно-интелигентните алатки и практиките на управување кои се спроведуваат во претпријатијата и како HP, сме посветени да продолжиме да ги испорачуваме двете водечки решенија за индустријата и истражувања за оневозможување на животниот циклус на противничкиот играч“.
Реални трошоци на сајбернападите
Безбедносно-интелигентните решенија и практиките на управување прават разлики
„Информациите се моќно оружје во арсеналот на организациите за сајбер-безбедност“, вели др. Лери Понемон, шеф и основач, Понемон институтот. „Базирајќи се на светските реални исксутва и интервјуата со повеќе од 1.000 светски професионалци за безбедност, трошоците за истражувања на сајбер криминалот обезбедуваат вредносен увид внатре во причините и трошоците од сајбер-нападите. Истражувњата се дизајнирани да помогнат организациите да направат најефективни трошоци преку одлуките за минимизирање на најголемите ризици за нивните компании“.
Како дополнување на четвртата годишна студија на американските компании, Понемон спроведува студии за сајбер трошоци во Австралија, Германија, Јапонија и Велика Британија, втора година по ред. Студија за француските компании е направена прв пат годинава. Од земјите опфатени со истражувањето, примерокот на САД покажува највисоки просечни трошоци на сајберкриминал од 11.6 милиони долари, додека Австралија има најмали трошоци од 3.7 милиони долари.Глобалните резултати се достапни во посебен извештај насловен како „Глобаленизвештај за трошоците на сајбер криминалот 2013“.
Наодите од студиите ќе бидат презентирани на 29. и 30.октомври. Деталите за вебинарот во САД може да се најдат на https://www.brighttalk.com/r/ghs. Деталите за вебинарите на државите од Европа, Среден Исток, Африка и Азиско-пацифичките држави може да се најдат на https://www.brighttalk.com/r/nDs и https://www.brighttalk.com/r/xDs, respectively.
Со производите, кои се лидери во индустријата, од ArcSight, Fortify и TippingPoint, HP има сеопфатно безбедносно портфолио кое овозможува компаниите да преземат проактивен пристап кон безбедноста и кој го интегрира поврзувањето информации, длабинските анализи и одбранбени мрежни механизми. Со HP Enterprise Security Products, бизнисите се поспособни да го прекинат непријателскиот напад, да ги менаџираат ризиците и да ги прошират сопствените безбедносни капацитети за подобра заштита на нивните организации.
Дополнителни информации за HP Enterprise Security Products се достапни на www.hpenterprisesecurity.com. HP премиерата на настанот HP Discover наменет за клиентите од ЕМЕА регионот, ќе се одржи на 10-12 декември 2013 година во Барселона, Шпанија.
HP создава нови можности за технологијата да има корисно влијание врз луѓето, бизнисите, владите и општеството. Како најголема технолошка компанија во светот, HP соединува портфолио што опфаќа печатење, користење на персонални компјутери, софтвер, сервиси и инфраструктура на информатичка технологија со конвергенцијата на облачето и поврзливоста, создавајќи совршено конзистентни, безбедни искуства земајќи го предвид контекстот за еден поврзан свет. Повеќе информации за HP (NYSE: HPQ) може да се добијат на следнава интернет страница http://www.hp.com