19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако отпадот да се гледа дека не е нуспроизвод?!

Како отпадот да се гледа дека не е нуспроизвод?!

Центарот за економски анализи подготви студија за процесот на зелена транзиција на државите од Западен Балкан. Во истражувањето е наведено дека терминот праведна зелена транзиција, најчесто се користи во контекст кој не ја одразува траснформативната природа и обемот кој го предвидува ваквиот процес. Поради тоа и не постои сеопфатен координиран пристап на активности и политики кои се однесуваат на климата и на животната средина, но постојат низа иницијативи и јавни политики коишто се разгледуваат во одредени сектори. Земјите од Западен Балкан се обврзаа за спроведување на праведна и зелена транзиција, меѓутоа останува предизвикот за тоа како соодветно да се пренесе наративот за „транзиција“ во регион кој веќе бил предмет на не многу успешни транзиции.

Во анализата на Центарот за економски анализи се вели дека отпадот во земјите од Западен Балкан сè уште се смета за нуспроизвод кој не се користи. Огромни количини на комунален отпад се депонираат како на отворени депонии така и во природата и се чека природно да се распадне, неконтролирано се согорува или завршува во водените реципиенти. Во исто време, комуналниот и индустрискиот отпад се неискористен енергетски потенцијал, а искористувањето на енергетскиот потенцијал на отпадните материјали претставува можност за да се придонесе кон визијата за кружна економија. Креаторите на оваа анализа додаваат дека доколку ваквите нуспроизводи се унапредат според поставени ЕУ стандарди би можеле да бидат извор на дополнителен приход и да ја снабдуваат индустријата со алтернативно гориво што пак може да придонесе кон остварување на амбициозните планови за намалување на јаглеродните емисии.

„Искористувањето на отпадот може да придонесе кон намалувањето на другите штетни последици врз животната средина и врз здравјето на луѓето, а кои произлегуваат од депонирањето и согорувањето на отпадот. Производството на алтернативни горива преку пристапот  „од- отпад-до-енергија“ може да придонесе и за диверзификацијата на енергетскиот микс (особено кај индустриските процеси), како и за намалување на зависноста од конвенционалните фосилни горива и за поттикнување на енергетската безбедност. Со искористување на потенцијалот „од-отпад-до-енергија“, земјите од Западен Балкан би можеле да придонесат кон поодржлива и поотпорна иднина, каде што одговорноста за животната средина и искористување на ресурсите заеднички можат да придонесат кон справувањето со глобалните предизвици. Овој потфат бара заеднички напори на институциите и на индустријата за да се преориентираат од производство во рамки на линеарна кон кружна економија со цел пониска потрошувачка на јаглерод“, се вели во анализата на Центарот за економски анализи.

Во анализата јасно стои дека идниот развој на земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и праведната зелена транзиција е во рацете за самите земји. Сепак клучна пречка е очекувањето дека странската помош и членството во ЕУ ќе ги решат структурните проблеми во регионот, како што се невработеноста и недостатоците во институционалното управување. Ваквите очекувања можеби го попречуваат процесот на градење на чувство на сопственост за сопствената иднина и преземање на одговорност за поставување на патот за иднината, велат експертите. Додаваат дека спроведувањето на праведна зелена транзиција ќе зависи од способноста на земјите од Западен Балкан. Прво граѓаните од земјите од регионит треба вистински да го разберат социо-економскиот контекст а потоа да креираат сопствен патоказ заснован на реални планови и активности кои ќе се базираат на пристап одоздола-нагоре и ќе го одвојат економскиот напредок од деградацијата на животната средина. Од Ценатрот за економски анализи предлагаат препораки кои треба да се земат предвид и кои е потребно да бидат координирани на повеќе нивоа и тоа макрорегионално, национално и локално.

„Да се препознаат (да се идентификуваат) сите потенцијално засегнати страни и да се мапираат сите влијанија кои може било која од интервенциите да ги има врз засегнатите страни, а особено врз најранливите групи. Да се обезбеди процедурална правда, преку создавање можности за учество на сите засегнати страни и општествени групи. Да се овозможи на сите засегнати страни да ги кажат своите ставови, интереси и приоритети и се овозможи вистински процес на дијалог со цел да се изгради општествен консензус. На тој начин ќе се обезбеди демократизација на процесите на носење на одлуки, надминување на предизвиците од правење на компромиси за различните цели, градење доверба меѓу засегнатите страни и создавање чувство на сопственост на зелената агенда. Да се осигура дека трошокот/товарот и придобивките се правично распределени, кај сите општествени групи, особено кај најранливите. Да се креираат стратегии кои се засновани на просторот (англ. place-based) кои се соодветни за конкретниот простор и за територијалните импликации од мерките за транзиција. Во духот на „праведната транзиција“ да се направат политики кои ќе ги земаат предвид локалните потреби и интереси. Да се развијат акциски планови кои се прилагодени на начин што ќе целат кон развој со најголемо влијание. Да се искористат успешните примери од деловниот сектор, од иницијативите кои се поттикнати од локалната заедница или пак од добрите практики во јавното управување. Да се истражат бизнис моделите кои овозможуваат локалните заедници да учествуваат или пак да бидат со-сопственици на нови деловни потфати за да имаат дел од придобивките, стои во анализата.

Целта на ваквите истражувања се да се подигне свеста кај граѓаните и институциите бидејќи за да отпадот стане енерија е процес кој има потенцијал да биде алтернатива за енергетска придобивка на сите држави од Западен Балкан. На тој начин експертите велат дека ќе се постигне една праведна транзиција.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП