2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтрански камиони возат илегално низ Шведска

Странски камиони возат илегално низ Шведска

Truck-Drivers-Run-America

Неколку илјади странски камиони постојано превезуваат стоки низ Шведска и ја намалуваат конкуренцијата со ниски цени на транспортните услуги, а
во исто време се зголемува и испуштањето на издувни гасови поради засилениот сообраќај.

Ова, как што јави дописникот на МИА од Гетеборг, се наведува во заклучоците презентирани во првата студија околу илегални транспорти со товарни возила по шведските патишта.
Според авторот на студијата, Хенрик Стернберг, шведската полиција не презема никакви мерки за да го контролира овој вид на транспорт по патиштата.

Се смета и дека таков вид на контроли би биле комплицирани, бидејќи не постојат никакви барања возачите на камиони да поседуваат документи кои ќе ја потврдат дозволата за
извршување на транспортната дејност, а освен тоа и казните се ниски.

Шведскиот синдикат „Транспорт“ проценува дека илегалните тури со странски возила и возачи доминираат на шведските патишта. Затоа се бараат законски промени при што
нарачателот на транспортната услуга во Шведска би преземал одговоност за тоа кој ја извршува нарачаната услуга.

– Гледаме многумина возачи од Македонија, кои дури не се ни во ЕУ. Тие купуваат бугарски возачки дозволи и патни исправи, вели Хенрик Стернберг за весникот „Сидсвенскан“.
Во рамките на направената стдија се посочени 160.000 случаи, при што во направената анализа се наведува дека секој трет камион со странски регистарски таблички најверојатно
вози илегално низ Шведска.

Тоа значи дека се крши ЕУ-правилото кое вели дека странски транспортни препријатија можат да извршат најмногу три транспортни услуги во друга земја-членка на ЕУ во текот на
една недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП