2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД: Се помалку доверба во економијата

САД: Се помалку доверба во економијата

usa

Бројот на Американци кои веруваат дека економијата во државата е во добра состојба драстично се намалил на најниско ниво во 2013 година, покажува новото истражување на „CNN“.

Исто така, меѓународното истражување на „CNN/ORC“ покажува дека недовербата во државната економија константно расте од финансиската блокада на американската влада и дека шест од десет испитаници предвидуваат голем пад на економијата во наредната година.

Резултатите од истражувањето се објавени во вторникот наутро, само неколку часови пред Оделението за вработување да го претстави септемврискиот извештај за моменталниот број на невработени. Извештајот доцнеше поради шеснаесетдневната блокада.

Истражувањето е направено во изминатиот викенд, 71 проценти од испитаниците веруваат дека моменталната состојба на економијата во државата е лоша, а само 29 проценти изјавиле дека се задоволни од моменталната состојба во економијата, што е за четири проценти помалку во однос на периодот пред неодамнешната криза.

„Тој процент не беше посебно висок ниту во еден момент во текот на 2013 година, но секогаш беше преку 30 проценти. Така, моменталните 29 проценти се најниски од декември минатата година“, изјави Китинг Холанд, раководител на истражувањето.

Само 40 проценти од испитаниците изјавиле дека економијата ќе биде во добра состојба за една година, што е за 10 проценти помалку во однос на јуни 2013 година. Ова укажува на тоа дека нивото на оптимизам и доверба во економијата во САД е на најниско ниво од октомври 2011 година. Поголем е бројот на оние кои не веруваат во подобрување на економијата во наредната година (59 проценти).

Истражувањето за „CNN“ го спроведе „ORC International“  во период помеѓу 18 и 20 октомври, на 841 испитаник ширум државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП