16 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАМаск во Кина се согласи да соработува со технолошката компанија „Baidu“

Маск во Кина се согласи да соработува со технолошката компанија „Baidu“

За време на посетата на Кина, американскиот претприемач и извршен директор на Tesla Илон Маск се согласил да соработува со кинеската технолошка компанија Baidu, објави Bloomberg, повикувајќи се на анонимни информирани извори.

Според изворите на њујоршката агенција, Tesla и Baidu заеднички ќе развиваат системи за мапирање и навигација кои се дел од програмата за автономно возење FSD (Full Self-Diving).

Новите договори би можеле да го запрат падот на приходите на Tesla во Кина, според Bloomberg.

Американскиот производител на електрични автомобили Тесла на почетокот на месецот објави дека испорачал 386.810 возила во првиот квартал од 2024 година, што е за 8,5 отсто помалку во споредба со истиот квартал минатата година.

На квартална основа, испораките на возила на Tesla паднаа за 20 отсто во споредба со четвртиот квартал од 2023 година.

Во Кина, Tesla се соочи со жестока конкуренција од производители како што е BYD, кој денеска објави дека во првиот квартал од 2024 година забележал раст на продажбата од 13,4 отсто на годишно ниво на 626.263 возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП