2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСе зголеми профитот на Delta Airlines

Се зголеми профитот на Delta Airlines

delta1

Позитивните резултати се последица од подобрените активности на аеродромите во Атланта, Њујорк и Лондон.

Компанијата соопшти дека очекува солидни резултати и во последниот квартал од оваа година, со задоволувачки резервации за празничниот период.

Нето профитот во третиот квартал достигна вредност од 1,37 милијарди долари, во однос на 1,05 милијарди во истиот период минатата година, пренесува Ројтерс.

Приходите од работењето се зголемија за шест проценти на 10,5 милијарди долари, а приходите од продажбата на билети за околу седум проценти, така што приходот од патник, кој е важен индикатор за успешноста на работењето, е зголемен за четири проценти на годишно ниво.

И вкупните трошоци на „Delta Airlines“ за овој период се зголемиле за четири проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП