7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLenovo со рекордна добивкa

Lenovo со рекордна добивкa

lenovo

Кинеската компанија „Lenovo“ во средата извести за својата рекордна тримесечна добивка, благодарение на зголемениот удел на пазарот за компјутери и ширењето во сегментот на смартфони.

Во третиот фискален квартал, од октомври до декември, произведувачот „Think Pad“, кој воедно е втор по големина произведувач на смартфони во Кина, оствари рекордна нето добивка од 204, 9 милиони долари, што е 33,5 отсто повеќе отколку во истиот период од минатата година.

Добивката достигна рекорден износ од 9, 4 милијарди долари, што е 12 отсто повеќе отколку во истиот период од минатата година. Во третото фискално тромесечие компанијата испорача  рекордни 14,1 милиони компјутери, зголемувајќи го уделот на светскиот пазар за 15,9 отсто.

„Lenovo“ во изминатите години го зголеми уделот на пазарот на компјутери врз основа на аквизитери. Како што покажуваат податоците од групата за истражувања во технолошкиот сектор „IDC“, компанијата се држи до водечкиот светски лидер „Hewlett Packard“ по број на испорачани компјутери.

Со оглед на слабата побарувачка на компјутери, од „Lenovo“ се одлучија да се прошират и во секторот за мобилна телефонија, со цел да ја искористат силната побарувачка на смартфони и таблети, особено на домашниот кинески пазар, кој е најголем во светот, кога станува збор за мобилни телефони и компјутери…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП