4 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСо овие намирници ќе имате повеќе енергија во текот на денот

Со овие намирници ќе имате повеќе енергија во текот на денот

Експертите се согласуваат дека спиењето треба да биде приоритет доколку сакаме да се разбудиме полни со енергија.

Сепак, постојат и некои намирници кои се сметаат за неопходни за повеќе енергија.

Сложени јаглехидрати

Според Американското здружение за срце, сложените јаглехидрати, за разлика од едноставните јаглехидрати, се вари побавно и побавно ја ослободуваат гликозата во крвотокот.

Затоа консумирањето сложени јаглехидрати може да ни помогне да се чувствуваме како да сме полни со енергија во текот на денот.

Храна која се состои од сложени јаглехидрати се пченичен леб, слатки компири, овесна каша, семки од тиква, јаболка и наут.

Храна богата со растителни влакна

Јадењето храна богата со растителни влакна може да биде одличен трик за повеќе енергија. Јадете бобинки, киноа, сливи или лиснат зеленчук, особено спанаќ.

Здрави масти, добри за срцето

Вообичаена група на намирници за кои нутриционистите велат дека може да послужи како одличен енергетски засилувач се мастите здрави за срцето. Такви намирници се: авокадо, тофу, маслинки, сардини, темно чоколадо и лосос.

Вода

Водата често се занемарува, но всушност може да ја зголеми енергијата. Чувството на дехидрираност може да влијае на вашето расположение и да направи да се чувствувате бавно, според Центрите за контрола и превенција на болести.

Општо упатство е дека ни требаат шест до осум чаши вода дневно, вклучувајќи чај и кафе. Но, диететичарката Ејми Гудсон за „New York Post“ вели поинаку.

„Точно е дека многу фактори влијаат на количината на вода што ви треба, вклучувајќи ја вашата возраст, пол, ниво на активност и општото здравје. За жените, вкупната количина на вода е околу 11,5 чаши дневно, а за мажите околу 15,5 чаши, што вклучува течности консумирани од храна и пијалоци Земајќи го тоа предвид, на жените им требаат околу девет чаши течност дневно, а на мажите им се потребни околу 13 чаши за да ја заменат изгубената вода“, рече Гудсон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП