3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Android 15“ носи голема промена: Дали ќе ја користите?

„Android 15“ носи голема промена: Дали ќе ја користите?

Обично се грижиме колку долго ќе трае батеријата на нашиот телефон, но „Android 15“ носи функција која ни дава уште една важна дијагностика.

Со новото ажурирање, „Android 15“ ќе добие софтверско подобрување што ќе им покаже на корисниците колку живот останува на чипот за складирање на телефонот.

Како што е соопштено од „Android Authority“, „Google“ работи на оваа функција која треба да помогне да се спречи деградација на чиповите на кои се складирани податоците.

Затоа, корисниците ќе добиваат информации за тоа колку „здравје“ останува во внатрешната меморија на телефонот, пред таа потенцијално да се расипе.

Ова ќе биде прикажано како процент и може да биде особено корисно за оние кои го имаат истиот телефон четири или пет години и сакаат да знаат уште колку долго можат да го користат.

Можеби сите брендови не ја поддржуваат оваа функција, објави специјализираниот портал, додавајќи дека засега е извесно дека ќе ја има на телефоните „Pixel“. Како и да одлучат да го вклучат, тоа ќе им направи лоша услуга на нивните корисници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП