4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија лидер во регионот по имлемнетација на европските енергетски закони!

Македонија лидер во регионот по имлемнетација на европските енергетски закони!

Новиот парламент ќе има приоритетна задача да го донесе новиот Закон за обновливи извори на енергија. Со тоа земјава ќе биде лидер во регионот по имплементација на европското законосдавство, од областа на енергетгиката. Во меѓувреме информациите од Годишниот извешај за енергетската состојба на Македонија, вели дека само 2,7 отсто од потребната струја за 2023 година била од увоз, останатгото е произведено од домашните производствени капацитети. Голем удел во тоа имаат инсталираните фотоволтаици и парковите со ветерници. Регулаторот вели дека очекува поголема финансиска помош од Европската комисија за земјите од регионот бидејќи многу ефикасно и брзо се усогласуваме со европските енергетски правила.

Информациите од Регулаторната комиксија за енергетика велат дека како држава сме во многу напредна фаза во однос на законските решенија за енергетиката. Подготвен е и нов Закон за обновливи извори на енергија, и со тоа земјава е прва не само во регионот туку и пошироко и него треба да го донесе новиот парламентарен состав. Овој закон е во согласност со европските регулативи, поточно со таканаречениот четврти пакет.

Останатите држави го подготвуваат ваквото решение и очекуваат дека кон крајот на годинава ќе треба да го усвојат законот кој според регулаторот кај нас тоа ќе се случи многу побрзо. Новите правила во законот за обновливи извори предвидуваат, регулаторите да имаат посериозни обврски како и преносните систем оператори во однос на функционирањето на спојувањето на пазарите.

„Очекуваме, во наредниот период помошта која ја добиваме од Европската Комисија за земјите од регионот ќе биде зголемена, бидејќи со нашето имплементирање на Европското законодавство помагаме непречено функционирање на пазарите на електрична енергија и на природен гас и на земјите членки на Европската унија кои што се соседни кон нас кои сме дел од европската заедница“, велат од РКЕ.

Се почеста пракса е да се спојуваат пазарите на електрична енергија, односно помеѓу државите да имаат еден пазар за струја. Ден однапред споени се пазарите на Србија, Унгарија и Словенија, претходно имаше спојување помеѓу Словенија и Хрватска, Македонија пак е во група со Грција, Албанија и Косово. Практично регулатгорот вели планот е во Европа да има еден единствен пазар на електрична енергија и природен гас.

Инаку, во Европската унија најчесто државите на енергетски план се споени меѓусебе. Со помош на Америка се работи на дополнително спојување на пазарите со Бугарија и Италија.

За сето ова да биде добро изводливо потребни се сега инвестиции во преносната мрежа. Потребни ќе бидат нови трафостаници за новите капацитети кои ќе се произведуваат во иднина. Но, тоа е процес кој е на долг рок и е неминовен.

Тоа што е позитивно сега е дека во напредна фаза е изградбата на интерконективната врска со Албанија од каде како држава можеме да извезуваме електрична енергија во Италија, каде цените се далеку повисоки, а тоа значи и дека заработката би ни била подобра.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП