20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗФиат останува во Италија

Фиат останува во Италија

fiat

Италијанскиот производител на автомобили Фиат донесе одлука, и покрај проблемите на пазарот, да продолжи со производството во Италија, изјави претседателот на компанијата Џон Елкан.

„Благодарение на желбата на моето семејство и директорот на компанијата Серџо Марконеј и покрај тешкотиите на пазарот, донесовме тешка одлука, за да можеме да го продолжиме производството во Италија“, изјави Елкан.

Елкан на отварањето на новата подружница на Фиат во Торино, во која е вложена една милијарда евра, нагласи дека фабриките од неговата компанија во Италија нема да бидат затворени.

Фиат се најде под жесток напад, бидејќи во септември соопшти дека се повлкува од планот во 2014 година во Италија да вложи 20 милијарди евра и да произведе 1,4 милиони автомобили.

Фиат имаше намера да се откаже од инвестициите поради економската криза, поради која продажбата на автомобили во Италија и Европа е намалена на ниво од пред неколку децении.

Елкан оцени дека Фиат нема да биде во дефицит во текот на 2015 и 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП