3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСамо една кафена лажичка од овој зачин дневно ќе ви ги „стопи“...

Само една кафена лажичка од овој зачин дневно ќе ви ги „стопи“ масните наслаги

Ако се обидувате да ослабете, заборавете на смути и други пијалоци и додадете зачини во вашата исхрана.

Новите истражувања покажуваат дека особено еден зачин помага за побрзо слабеење.

Станува збор за ким, кој ги намалува масните наслаги и го подобрува нивото на холестерол.

Поточно, истражувачите од иранскиот Универзитет за медицински науки Шахид Садуги по случаен избор поделија 88 жени со прекумерна тежина во две групи.

Во текот на истражувањето, кое траело три месеци, двете групи жени добиле совети за исхрана и со тоа го намалиле дневниот внес на калории. Меѓутоа, една група жени јаделе три грама ким во прав дневно, кој се мешал во шолја јогурт.

Друга група жени конзумирале иста количина јогурт без додавање на зачини.

На крајот од студијата, жените кои секојдневно консумирале ким изгубиле околу 1,5 килограми повеќе од жените кои не го консумирале.

Интересно е што освен што ослабнале, го намалиле и процентот на маснотии за 14,64 отсто, што е речиси тројно од губењето од 4,91 отсто забележано од другата група.

Исто така, потрошувачката на ким донесе и други здравствени придобивки. Кај групата која консумирала ким, нивото на штетните масти во крвта значително се намалило во споредба со групата која не консумирала ким.

Важно е да се истакне дека кимот е богат со фитостероли, за кои е познато дека ја спречуваат апсорпцијата на холестеролот во организмот.

Бидејќи ова е прва студија која покажува дека зачинот има придобивки за губење на тежината, авторите на студијата исто така шпекулираат дека кимот, како и другите топли зачини, привремено ја зголемува стапката на метаболизам.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП