27 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБизнис платформа за развој на Полог и Корча

Бизнис платформа за развој на Полог и Корча

korca

Зголемување на трговската размена, отворање нови работни места, развивање семејни бизниси, реализирање заеднички проекти, надминување на царинските и административните бариери, е целта на Бизнис платформата што треба да ги обедини компаниите од Полог и Корча за економски развој на двата региона.

Платформата промовирана денеска во Маврово, ќе се спроведува следните 20 месеци во рамки на ИПА компонентата за прекугранична соработка, а зад неа стојат Сојузот на стопанските комори (ССК) од Македонија и Институтот за современи истражувања од Албанија. Финансиската конструкција на проектот е 354.000 евра.

Агро секторот, туризмот, градежништвото, преработката на дрво и производството на мебел се областите во кои има најголем потенцијал за соработка меѓу фирмите од Полог и Корча.

Преку Бизнис платформата компаниите ќе ги детектираат и ќе ги решаваат клучните прашања, осигурувањето на извозот, обезбедувањето поволни кредити, намалувањето или елиминирањето на давачките и таксите,…

– Еден од главните предизвици на двата региона е високото ниво на невработеност. Економијата треба да отвори можности за вработување, а тоа ќе го апсорбира големиот број млади, едуцирани луѓе. Локалните и централните власти да се фокусираат во оваа насока, порача евроамбасадорот Аиво Орав во обраќањето на промоцијата.

Партнерството, рече, е веќе воспоставено, но се уште е во почетна фаза. Затоа е неопходна поддршка од институциите, општините и бизнисите од двете страни.

Како што напомена министерот за локална самоуправа Тахир Хани, Полошкиот регион е еден од најатрактивните, а можностите за соработка се бројни.

– Прекуграничната соработка е многу значајна. Преку неа ги промовираме регионите, ги зближуваме луѓето од двете страни на границата и го поттикнуваме локалниот економски развој, истакна Хани.

Според ССК, размената меѓу Македонија и Албанија која лани достигна 110,7 милиони долари, е далеку под можностите.

– Границата меѓу двете земји до пред 20-тина години беше затворена за размена на стоки и услуги. Традиционалните врски меѓу деловните субјекти не постоеја. За да се изградат бизнис релации потребно е време, стекнување доверба, меѓусебно запознавање, развивање добри деловни практии, Тоа е и суштината на Бизнис платформата, изјави претседателот на ССК Златко Калеников.

За успешна реализација на проектот се потпиша Меморандум за соработка меѓу Сојузот на стопански комори и градоначалниците на петте општини од Полошкиот регион, Тетово, Гостивар, Боговиње, Маврово Ростуше и Јегуновце.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП