20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПадна профитот на Novartis

Падна профитот на Novartis

novartis

Фармацевтскиот гигант „Novartis“ во третиот квартал од оваа година забележа пад на нето-профитот од шест проценти, а како главна причина за овие резултати го истакнаа негативното влијание на девизните курсеви.

Швајцарската компанија во трите месеци заклучно со септември евиндентирала нето-профит од 2.2 милијарди долари, во однос на 2.4 милијарди долари во истиот период од минатата година.

Од „Novartis“ истакнуваат дека слабеењето на јенот и валутите на земјите во развој, заедно со некои патенти, влијаеле на финансиските резултати, иако приходите во третитот квартал пораснале за четири проценти на годишно ниво на 14.2 милијарди долари.

Извршниот директор на компанијата, Џозеф Хименез изјави дека е задоволен со работењето во третиот квартал, додавјаќи дека сите сектори допирнеле за растот на компанијата.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП