29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во Хрватска изнесува 19,1 проценти

Невработеноста во Хрватска изнесува 19,1 проценти

nevrabotenost2

Стапката на регистрираната невработеност во Хрватска во септември оваа година изнесуваше 19,1 проценти, што е зголемување од 0,7 процентни поени во однос на август, кога стапката изнесуваше 18,4 проценти, покажуваат најновите податоци на Државниот Завод за статистика на Хрватска.

Во септември е прекинат шестмесечниот пад на стапката на невработеност на месечно ниво, најмногу поради влијанието на сезонските услови и вработувањата.

На годишно ниво, во споредба со септември минатата година, стапката на регистрираната невработеност за септември оваа година е за 0,8 процентни поени повисока, бидејќи во септември минатата година таа изнесуваше 18,3 проценти.

Моменталниот број на невработени лица изнесува околу 339 илјади.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП