3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција првпат воведува есенска распродажба

Грција првпат воведува есенска распродажба

sale

Првата есенска распродажба во Грција ќе почне на 1 ноември и ќе трае девет дена, вклучувајќи го и 3 ноември – недела, кога продавниците исто така ќе бидат отвпрени.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, трговците со оваа нова мерка се надеваат дека ќе дојдат до профитот кој им е неопходен, со оглед на големиот пад на потрошувачката во целата земја поради економската криза.

Тие се надеваат дека новиот есенски попуст, кој првпат се воведува, ќе им помогне да ја продадат својата есенска стока и да ја промовираат зимската по намалени цени.

Според последните податоци на грчката агенција за статистика (ЕЛСТАТ), прометот на мало во јули годинава бил намален за 14,4 отсто во однос на истиот месец минатата година, иако во втората половина од месецот имаше летна распродажба.

Ноемвриската распродажба е првиот попуст во меѓупериод во согласност со новиот закон, додека другиот ќе биде во првите 10 дена од мај. Првата недела од секоја распродажба е работен ден за сите трговци, вклучувајќи ги сите трговски центри без разлика на нивната големина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП