20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАBundesbank: Цените на становите во Германија се превисоки

Bundesbank: Цените на становите во Германија се превисоки

bundesbank1

Цените на становите во големите германски градови се поголеми за 20 проценти од тоа што би требало да бидат, но на економијата во целина се уште не и се заканува опасност од создавање на балон на пазарот на недвижнини, ја пренесуваат европските медиуми, оценката на германската централна банка.

Високите цени на становите во Минхен, Франкфурт и Берлин не се оправдани ниту со демографијата, ниту со економските фактори, а во изминатите три години пораснале за повеќе од 25 проценти, ја пренесува порталот „EUobserver„ оценката од најновиот редовен месечен извештај на германската „Bundesbank“.

Во истиот период цените на недвижнините во Германија вкупно пораснаа за осум проценти, предупредуваат од „Bundesbank“.

Трендот најверојатно нема да се промени во наредната година бидејќи побарувачката на станови е поголема од понудата.

Иако на економијата во целина не и се заканува опасност, од „Bundesbank“ предупредуваат на можен „голем пад на богатството на домаќинствата“ поради преценетите станови.

Меѓународните инвеститори, исто така, играат улога во поскапувањето на германските станови, бидејќи овој пазар им стана атрактивен по пукањето на балонот на пазарите за недвижнини во САД, Шпанија и Ирска.

Благодарение на ниската клучна каматна стапка во еврозоната, инвеститорите полесно се одлучуваат на купување на станови, истакнуваат од „Bundesbank“.

Германската централна банка како членка на ЕЦБ постојано предупредуваше дека политиката за евтини кредити им помага на банките во проблематичните земји, но го зголемува ризикот од инфлација.

Статистиката покажува дека инфлацијата во еврозоната се задржува на ниско ниво и во септември таа изнесуваше 1,1 проценти. ЕЦБ цели на нешто помалку од два проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП