30 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРААко го правите ова, ќе живеете сиромашно: Сигурни знаци дека никогаш нема...

Ако го правите ова, ќе живеете сиромашно: Сигурни знаци дека никогаш нема да се збогатите

Богатите велат дека сите имаме еднакви шанси за успех, прашање е само кој ќе може да ги препознае и да ги искористи.

Највредните работи во животот не се купуваат со пари, но за жал луѓето тоа го сфаќаат дури кога ќе ги загубат. Парите им остануваат, но не можат да ги надоместат за се што им било најскапоцено. А сепак, парите се неопходни за пристоен и удобен живот, без нив е практично невозможно, односно е многу тешко.

Некои, според логиката на американскиот сон, во кој, искрено, малкумина веруваат, почнаа од нула да заработуваат милиони со текот на времето.

Ваквите богаташи велат дека сите имаме еднакви шанси за успех, прашање е само кој ќе може да ги препознае и да ги искористи.

Овие 10 знаци покажуваат дека шансите некогаш да се збогатите се исклучително мали доколку не промените ништо:

  1. Работите вредно и напорно, но не штедите и не вложувате пари.
  2. Размислувате како да заштедите, а не како да заработите повеќе, а тоа е суштински клуч за успехот
  3. Фрлате пари секогаш кога имате повеќе, возите полуксузен автомобил, купувате дизајнерска облека, опремувате стан…
  4. Задоволни сте со постојана работа и постојана плата, не тежнеете кон самовработување, што е и клучот за успехот.
  5. Не се осмелувате да вложувате пари, а идеално би било да вложите 20% од вашата заработка.
  6. Мора да го сакате она што го работите, а не да го копирате она што го прават другите – само имајте свој сон, различен од другите.
  7. Се плашите и не сакате да ризикувате – погрешно – ризикот е неопходен за успех.
  8. Не знаете точно која е вашата цел: автомобил, куќа, стан… А тоа е неопходно: јасна визија и јасен план.
  9. Прво трошите, па штедите она што останало – погрешно. Секогаш одвојувајте дел од заштедата од вашата заработка и трошете го она што ви останува.
  10. Верувате дека немате шанси да се збогатите – погрешно. Секој има еднаква шанса, особено во капитализмот, ако се осмелите и ги искористите можностите – мора да верувате во тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП