2 мај, 2024
ПочетнаСВЕТБајден: САД нема да учествуваат во израелскиот контранапад врз Иран

Бајден: САД нема да учествуваат во израелскиот контранапад врз Иран

Американскиот претседател Џо Бајден му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека САД нема да учествуваат во каква било израелска контраофанзива против Иран, изјави во неделата официјален претставник на Белата куќа.

Иран лансираше стотици беспилотни летала и проектили кон Израел во саботата вечерта како одговор на наводниот израелски напад врз иранскиот конзулат во Сирија на 1 април.

Во изјавата објавена доцна во саботата по нападот, Бајден рече дека му рекол на Нетанјаху дека Израел „покажал извонредна способност да се брани и да порази дури и напад без преседан“.

Бајден не кажа во изјавата дали тој и Нетанјаху разговарале за можен израелски одговор или потенцијална вмешаност на САД.

САД не сакаат ниту „ескалација“ ниту „поширока војна со Иран“, изјави во неделата портпаролот на Белата куќа.

„Претседателот Џо Бајден беше јасен: не сакаме ескалација. Не сакаме поширока војна со Иран. Мислам дека часовите и деновите што претстојат ќе ни кажат многу“, изјави Џон Кирби за телевизијата NBC.

„Јасно им ставивме до знаење на сите страни, вклучително и на Иран, што ќе правиме (…) и колку сериозно ќе ја сфатиме секоја закана за нашиот персонал“ распореден на Блискиот Исток, додаде Кирби.

Кирби додаде дека САД „ќе останат будни и внимателни“ во врска со какви било ирански закани против американските војници.

Бајден во саботата вечерта изјави дека американските сили биле вклучени во уништувањето на „речиси сите“ беспилотни летала и ракети истрелани од Иран врз Израел, додавајќи дека ја потврдил својата „непоколеблива“ поддршка за премиерот Нетанјаху.

Бајден и Нетанјаху беа во несогласувања во последните недели околу шестмесечната војна во Појасот Газа, палестинска енклава која се соочува со страшна хуманитарна ситуација и закана од глад.

„Продолжуваме да работиме со него, да го советуваме“, рече Кирби и повтори дека САД „ќе продолжат да им помагаат на Израелците да се бранат“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП