3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМОДЕФ – Срцето на турскиот сектор за мебел

МОДЕФ – Срцето на турскиот сектор за мебел

lol

150 компании кои произведуваат уникатен мебел ќе се презентираат на МОДЕФ Експо кој ќе се одржи од 4 до 9 ноември во градот Инегол, Турција. На уникатниот саем, ќе може да се видат како модерни, класични гарнитури, но и антика. Во фокусот оваа година се спалните и дневните соби, како и детските и собите наменети за мали бебиња.

 

Модеф Експо ќе биде посебно интересен за сите кои сакаат да купат квалитетен мебел, за исклучително ниска и прифатлива цена. Компаниите во Инегол ресурсите за производство ги земаат од локалните шуми, па поради тоа производството е поевтино, а со тоа и цената. Во исто време, квалитетот е на високо ниво.

 

Индустријата за мебел во Турција во последните години е во забрзан развој. Од вкупното производство, околу 25 отсто се извезува во странство.

Во Инегол се сместени повеќе од 260 фабрики и 1.500 производствени центри, со што градот е најголем производител за мебел во Турција.

Минатата година, на саемот присуствуваа околу 20.000 посетители, од вкупно 48 земји во светот.

 

Оваа година, се очекуваат посетители и изложувачи од Бугарија, Босна и Херцеговина, Ирак, Иран, Афганистан, Египет, Азербејџан, Русија, Украина, Либија, Јордан, Тунис, Саудиска Арабија, Палестина, Кувајт и многу други.

Сите кои сакаат да се информираат за програмата, тоа можат да го направат на линкот (http://www.modef.com.tr/expo/en/alt-sayfalar/raporlar/fair_report_2012_expo.pdf).

A

 

Некои од организациите кои го промовираат овој саем се и Светскиот трговски центар во Дубаи и организацијата за саеми во Хановер, Германија.

Организаторот на саемот, АнтЕкспо, очекува уште поголем успех оваа година, а на компаниите кои ќе го посетат, им ветува дека ќе успеат уште подобро да ја развијат својата стратегија за производство на мебел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП