6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИING ги продава акциите на ING US Inc

ING ги продава акциите на ING US Inc

ing

Најголемата холандска компанија за финансиски услуги „ING Groep NV“ поднела барање да ги продаде акции на своето американско одделениe за над 900 милиони долари, информира „Bloomberg“.

Компанијата – „мајка“ планира да продаде 30 милиони акции преку секундарно нудење на вредноста на „ING US Inc“. Од продажбата се очекува да заработат околу 937 милиони долари во основа на цената на затворањето на акциите на 18-ти октомври од 31.23 долари. Инаку при првичната објава за продажбата на акциите во мај, хартиите од вредност на оваа компанија се продаваа по цена од 19,50 долари.

Цената на акциите на „ING US“, која ќе биде преименувана во „Voya Financial“, забележа раст откако повисоките камати на обврзниците доведоа до раст на цената на акциите на животните осигурувања. Секундарната понудата на акции ќе го намали уделот на холандската компанија на 60 процени од околу 71 проценти кои ги има во моментов.

Емисијата се организира од „Morgan Stanley“, „Goldman Sachs Group Inc.“, „Citigroup Inc.“ и „Bank of America Corp.“. „ING“, која доби околу 1,27 милијарди долари од „IPO“ на „ING US“ во мај, ги продава средства како дел од условите за добиените спасувачки средства во 2008-та година. „ING Groep“ постигна договор со европските регулаторни органи да продаде најмалку 25 проценти од американското одделение до крајот на 2013-та година, повеќе од 50 проценти до крајот на 2014-та година, а остатокот до крајот на 2016-та година.

Друштвото има време до крајот на 2018-та година, да излезе целосно од осигурителниот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП