18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКратки вести од светот

Кратки вести од светот

najnovi-vesti1

Подгорица – Просечната плата во  Црна Гора  во септември без данок и придонеси изнесувала 475 евра, односно била помала за 1,7 отсто во однос на истиот месец лани. Како што се наведува, просечната плата во септември во Црна Гора во споредба со просечната плата во 2012 година била помала за 2,5 отсто. Просечната плата во септември била на исто ниво како и во август.

Белград – Вкупно десет нови авиони ќе летаат под грбот на „Ер Србија“ од март 2014 година, а постоечката флота на „Боинзи“ ќе се користи за чартер летови.

Сараево – Износот на неискористените кредити во БиХ е дури 1,8 милијарди конвертибилни марки (900 милиони евра), поради што оваа земја ќе мора да плаќа пенали. Кредитите кои институциите од Босна и Херцеговина ги земале во меѓународните финансиски организации, а кои не се искористени, на 30 септември оваа година достигнаа дури 1,8 милијарди конвертибилни марки, пишува весникот „Дневни Аваз“, повикувајќи се на информациите од Министерството за финансии и буџет на БиХ.

Сараево – Според податоците на Светска банка, над 1,5 милиони граѓани на Босна и Херцеговина живеат на работ на егзистенцијата. Секој петти жител дневно може да потроши само 1,5 евра, колку што заедно чинат лебот и млекото. Ако продолжи ваквата состојба, БиХ ќе ја загуби средната класа, бидејќи таа се приближува кон категоријата на сиромашни, предупредува директорот на Економскиот институт од Бијелина, Алекса Милојевиќ, во разговор за Слободна Европа.

Лондон – Британскиот трговски ланец „Теско“ објави дека дури две третини од салатите и нешто помалку од половина од пецивате кои ги продава, на крајот завршуваат во контејнери. „Теско“ првпат објавува колку стока од рафтовите се фрла и соопшти дека ќе го промени начинот на промоција на некои производи, со цел самата компанија, а и купувачите поодговорно да се однесуваат кон храната. Истражувањето покажа дека 68 отсто од пакуваните салати се фрлаат.

Луанда – Главниот и најголем град на Ангола, Луанда е најскап град на светот, покажа годишното истражување на „Мерсер“. Според податоците на оваа њујоршка компанија која се бави со човечки ресурси и финансиски консалтинг, Луанда е поскапа од Москва и Токио, па изнајмувањето на луксузен стан со две спални соби во тој град месечно чини околу 10.000 долари, додека во Москва е 4.600 долари.

Вашингтон – Американската банка „Џеј Пи Морган Чејс“ ќе плати 13 милијарди долари за да се запре судскиот процес кој се води против неа, пишува „Волстрит Џурнал“. Банката договори прелиминарна спогодба со американските власти, за рекорден износ од 13 милијарди долари, со цел да бидат прекинати низа судски процеси кои се водат против неа, наведе „Волстрит Џурнал“. Наведувајќи ги своите извори, весникот прецизираше дека договорот за вонсудско порамнување има за цел завршување на процесот во врска со продавање на спорни хипотекарни обврзници кои банката свесно ги продавала, придонесувајќи така за финансиската криза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП