9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТирана ќе преговора со чешката компанија ЧЕЗ за спорот околу КЕШ

Тирана ќе преговора со чешката компанија ЧЕЗ за спорот околу КЕШ

cez

Албанската Влада одлучи да започне преговори со чешката компанија ЧЕЗ, со цел да се избегне спор пред Меѓународниот арбитражен суд.

Албанската енергетска компанија КЕШ, во која 73 отсто од акциите се во сопственост на ЧЕЗ, остана без лиценца во јануари оваа година поради одлуката на Владата на поранешниот премиер Сали Бериша, кој ја обвини чешката компанија дека работи на штета на потрошувачите.

По одземањето на лиценцата ЧЕЗ побара помош од Меѓународниот арбитражен суд.

Новата албанска Влада одлучи да формира работна група за решавање на проблемот преку директни преговори и во соработка со ЧЕЗ, со цел да постигне вонсудски компромис.

Кабинетот на премиерот Еди Рама ја оцени како „голема грешка“ одлуката за одземање на лиценцата на чешката компанија, нагласувајќи дека доколку прашањето не се реши преку дијалог, тогаш Владата може да го загуби судскиот процес и тоа да има тешки последици за албанската економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП