1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМладите лица во Франција песимистични за вработувањето

Младите лица во Франција песимистични за вработувањето

youngpeople1

Младите лица во Франција се песимистични кога станува збор за вработувањето, а помалку песимистични кога станува збор за иднината на професионалниот живот, покажа најновото истражување на „Opinion way“.

Според ова истражување, само 15 проценти од полнолетните граѓани на Франција, помлади од 26 години, изразуваат оптимизам во врска со вработувањето во својата земја, пренесува францускиот весник Фигаро.

Професионалната перспектива, сепак, е оценета многу подобро. Студентите, кои сеуште не ја побарале својата прва работа, се оптимистични во 64 проценти од случаите во поглед на состојбата на пазарот на трудот, додека во март овој процент изнесуваше само 25 проценти.

Во категорите на млади кои се веќе вработени или во моментов бараат работа, оптимизмот е малку помал (40 проценти).

Во овој контекст, 90 проценти од испитаниците сметаат дека привременото вработување е добар начин да се стекне професионалното искуство, што е за три поени повеќе во однос на претходното истражување.

Привременото истражување, сепак, исто така е на удар на кризата. Според официјалните податоци, бројот на привремено вработени во јуни оваа година е намален за 11 проценти, а во август за 6 проценти во однос на истите месеци минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП