30 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАБи продавале сладолед за плата од 30.000 денари плус бонуси?

Би продавале сладолед за плата од 30.000 денари плус бонуси?

Во текот на овие топли денови, рестораните и кафулињата во Скопје се подготвуваат за сезоната на сладолед.

Огласите за вработување на сладоледџии се вообичаени, но оваа година ситуацијата е нешто поинтересна.

Менаџерот на познат ресторан во еден од најпосетуваните трговски центри во Скопје, открива дека огласот за вработување сладоледџија е објавен уште пред три месеци, но досега се пријавиле само две девојчиња.

Иако платата изнесува 30.000 денари за седумчасовно работно време, ретко кој се пријавува за оваа работа.

„Сладоледот е популарен, но работата е напорна. Многумина се изненадени од тоа колку брзо може да се уморите кога стоите зад фрижидерот и служите сладолед на голем број клиенти. Девојките што се пријавиле брзо се откажаа поради тоа што им било тешко. Јас не знам што е со новите генерации. Ем не сакаат да работат, ем сакаат да се луксузираат. Ги пријавуваме на 30.000 денари, а заработуваат двојни дневници доколку работат во недела или за празник. Плус добиваат добар бакшиш, бидејќи нашиот ресторан го посетуваат многу странци кои се прилично дарежливи доколку проценат дека услугата е добра. Значи, еден сладоледџија месечно може да заработи и над 40.000 денари, ама ете, никој не сака да се помачи”, ни изјави менаџерот.

Сепак, тој се надева дека со наближувањето на летото, повеќе луѓе ќе се заинтересираат за оваа работа и ќе се пријават.

„Сладоледот е вечна класика, а работата може да биде исклучително задоволство за оние кои се способни да го издржат напорот“, изјави нашиот соговорник.

Па така, доколку и вие сте во потрага по работа и ви се допаѓа идејата да работите со сладолед, можеби е време да се пријавите и да се присоедините на тимот на еден од рестораните или кафулињата во градот.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП