2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНова „Toyota“ за 8.600 евра - каде?! Во Индија (ФОТО/ВИДЕО)

Нова „Toyota“ за 8.600 евра – каде?! Во Индија (ФОТО/ВИДЕО)

Цената на најевтината „Toyota“ во Европа е околу 18.000 евра. Во Индија за половина од таа сума се нуди за половина број поголем автомобил.

„Toyota Urban Cruiser Taisor“ е резултат на соработката со „Suzuki“. Овој кросовер има компактни димензии, па неговата должина не надминува четири метри.

Основата на автомобилот е „Suzuki Fronx“, а на клиентите им се нуди опција на бензин, како и со инсталација на „LPG“ и погонски систем со „лесна“ хибридна технологија, пишува „Carscoops“.

Предниот дел е инспириран од некои други SUV модели на „Toyota“, а јапонската марка ја понуди и својата палета на бои и 16-инчните алуминиумски тркала. Се друго е потпишано од „Suzuki“.

Единствениот новитет во кабината во споредба со „Suzuki“ е амблемот на „Toyota“ на воланот. Нема дигитална инструмент табла, но затоа има инфозабава со екран од 9 инчи.

Подобро опремените верзии имаат дури и „head-up“ дисплеј, „ADAS“ систем за помош на возачот и до шест воздушни перничиња.

Основниот модел користи 1.2 бензински мотор од 90 ks, кој се нуди и во верзија со LPG. Следен и последен во понудата е 1.0 „лесниот“ хибрид со 100 ks.

Основната верзија има петстепен мануелен менувач и погон на предните тркала. Можеби сето ова не ви изгледа како Господ знае што за вас, но кога ќе сфатите дека почетната цена е околу 8.600 евра, со други очи гледате во „Urban Cruiser Taisor“.

Сепак, нема шанси овој модел да се појави на европскиот пазар, со оглед на тоа што се работи за автомобил наменет за купувачите во Индија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП