Денес се очекуваат бурни движења на финансиските пазари, претежно на валутната берза кај американскиот долар!
ледува еден долг и неизвесен ден на форекс берзата, како резултат на исчекувањето на објавата за вкупната бруто плата во секторот на приватните бизниси во САД за месец септември. Овој економски индикатор е дефинитивно најважен за правецот на движење на американската економија и највлијателен индикатор за движењето на американскиот долар за нареден подолг период.
Извештајот за “Non Farm Payrol” ни укажува број на платени работници во приватниот сектор како што се малите и големите приватни трговски претпријатија кои не ги опфаќаат државните администрации и земјоделските работници и опфаќа 80% од бруто домашните производи во САД така да може да констатираме дека објавата на овие податоци е исклучително важна за понатамошниот тренд на американската валута.
Овие податоци се објавуваат секој прв петок во месецот, но овој месец поради кризата во конгресот на САД околу изгласувањето на буџетот се поместија токму за денес во 14:30 часот по наше време.
Што да очекуваме и како да реагираме денес на валутната берза?
Во сите случаеви при објава на овој економски показател берзите полудуваат, се појавуваат нерелевантни движења кај сите валутни парови кои ја составуваат американската валута, точно во моментот на објавата. Во самиот момент на објава влегуваат огромни обеми на трговски налози од цел свет и секогаш првиот час после објавата цената на доларот се движи во двете насоки со засилени моментуми или ние го нарекуваме борба на Бикот и Мечката!
Претходните резултати од објавата за платените лица во приватниот сектор беа негативни според тоа што аналитичарите го предвидуваа, во износ од 169.000 наспроти очекуваните 185.000 лица. Од тој момент се до денес може да констатираме дека американската валута тоне, но не само како резултат на овој индикатор туку и поради кризите во сенатот на САД околу неизгласувањето на буџетот за наредната година.
Една лоша статистика си повлекува и други, така да денес очекувањата се малу повеќе од реалните според аналитичарите, кои претежно ни објавуваат погрешна анализа со цел да остават простор за шпекулативни движења на валутната берза и остварување на профити користејки го обемот на трговски налози на помалите институционалци и индивидуалните трговци. Аналитичарите денес очекуваат раст на платениот сектор од 182.000 единици, од моменталните 169.000.
Внимавајте, доколку се објават слични резултати како очекуваните од 182.000 и повеќе денес американскиот долар ќе расте во однос на Јапонскиот Јен, а цената на Златото ќе почне да паѓа! Цената на валутниот пар EUR/USD останува во нагорен тренд, а и покрај евентуалните добри податоци во САД може да очекуваме само еднодневна корекција и благ пад до 1,3550.
Но доколку и денес се објават лоши податоци за американската економија, тоа само уште повеќе ќе го засили падот на американскиот долар во однос на сите валути, а Златото засилено ќе расте!
Денес наша препорака е да се почека повеќе од 1 час после објавата на овие податоци, да се стабилизира пазарот, за потоа да се донесе мирна и паметна одлука за поставување на трговски налози.
Срдечно,