2 мај, 2024
ПочетнаСВЕТМалата Данка ја удриле со автомобил, па ја фрлиле во депонија и...

Малата Данка ја удриле со автомобил, па ја фрлиле во депонија и побегнале

Според неофицијални информации, несреќата се случила на 26 март во 13 часот и 52 минути. Мајката на девојчето претходно во полиција изјавила дека Данка исчезнала околу 13 часот и 45 минути

Две лица се уапсени под сомнение дека со автомобил ја возеле Данка Илиќ (2), а потоа нејзиното тело го фрлиле на дива депонија покрај „Старобањски пут“ кај Бор, пишува српски Телеграф.

Како што јави АТВ, криминалистичката полиција од Бор ги привела С.Ј.(50) и Д.Д.(50).

Според неофицијални информации, несреќата се случила на 26 март во 13 часот и 52 минути. Мајката на девојчето претходно во полиција изјавила дека Данка исчезнала околу 13 часот и 45 минути.

С.Ј е осомничен дека со службено возило „фиат“ на улицата „Радомир Путника“ удрил во двегодишната Данка и ја убил.

Потоа, како што се сомнева, заедно со неговиот колега Д.Д., телото на девојчето го ставиле во багажникот на возилото, по што се упатиле кон дивата депонија на „Старобањски пут“ кај Бор, каде што телото го фрлиле на десната страна на патот, тврди изворот на АТВ.

Да потсетиме, потрагата по малата Данка започна веднаш на 26 март, кога беше пријавена за исчезната. На тој ден во Србија за прв пат беше активирана апликацијата „Pronađi me“.

Екипи од полиција, пожарникари и граѓани со денови го пребаруваа теренот во потрага по девојчето. Во еден момент дури се посомневаше дека детето е киднапирано и дека е во Виена, бидејќи на една трамвајска станица било снимено девојче во придружба на две жени кои многу личеше на Данка. По српското девојче беше издаден налог за претрес на Интерпол, а вчера виенската полиција објави фотографии од жените од спорната снимка, за подоцна да соопшти дека се идентификувани и дека детето на видеото не е малата Данка.

Неколку часа подоцна стигна трагичната вест дека малата Данка е мртва.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП