2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВо петок пристигнува Серија 2!

Во петок пристигнува Серија 2!

serija 2

„BMW“ наскоро ќе го претстави првиот модел од новата Серија 2. Станува збор за „Coupe“ верзија чија официјална презентација е закажана за во петок на 25-ти октомври.

Откако во текот на летото тивко заврши производството на моделите „BMW“ Серија 1 „Coupe“ и „Cabriolet“, во германската компанија се свртуваат кон иднината и автомобилите кои ќе ги наследат на пазарите. Како што од Серија 3 неодамна настана Серија 4, истиот рецепт е применет и во моделите од Серија 1 кои во иднина исто така ќе добијат парен број во името.

Најпрво ќе биде претставен „BMW“ Серија 2 „Coupe“:

Се очекува овој автомобил во продажните салони да се појави во март 2014-та година. Датумот за премиерата на „Cabriolet“ верзијата се уште не е познат, но јасно е дека за него нема долго да чекаме.

Што се однесува до моторите, основниот бензинец најверојатно ќе биде 2.0 литарски четирицилиндирчен агрегат со турбо-полнење и со 184 ks (135 kW) и 270 Nm максимален вртежен момент. Најмоќниот модел, „M235i“, под хаубата ќе има 3.0 литарски шестцилиндричен мотор кој произведува 326 ks (240 kW) и 450 Nm, a oд 0 дo 100 km/h ќе стигнува за 4.8 секунди.

Од дизел моторите можеме да очекува 2.0 литарски четирицилиндричен агрегат со турбо-полнење кој развива 184 ks (135 kW) и 380 Nm.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП