6 октомври, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОвие 3 евтини чаеви како со рака ќе ги отстранат симптомите на...

Овие 3 евтини чаеви како со рака ќе ги отстранат симптомите на пролетните алергии

Пролетните алергии се веќе во полн ек. Ви претставуваме три евтини чаеви кои се вистински спас!

Чај од коприва

Копривата, иако може да се поврзе со чешање во детството, всушност е ризница со лековити својства. Овој чај има одлични антиинфламаторни својства и помага при затнат нос. Студија на 40 доброволци покажала дека оние кои консумирале екстракт од корен од коприва имале значително помалку симптоми на алергија во споредба со оние кои земале плацебо.

Зелен чај

Овој чај е познат по многубројните здравствени придобивки, од регулирање на крвниот притисок до намалување на ризикот од разни болести. Содржи полифеноли, антиоксиданси кои помагаат во ублажување на симптомите на поленска треска. Катехинот во зелениот чај има антиинфламаторни својства и помага во отворање на дишните патишта, што е клучно за време на сезоната на алергии.

Чај од нане

Овој освежителен чај не само што го радува непцето, туку помага и за отворање на дишните патишта. Истражувањата покажаа дека може да помогне при тешко дишење и затнат нос благодарение на неговите антиинфламаторни својства и освежувачкиот мирис. Додавањето мед и куркума ја подобрува ефикасноста на чајот во ублажување на симптомите на алергија, намалување на воспалението и олеснување на непријатноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП