2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИChevrolet со рекордни продажби во третиот квартал

Chevrolet со рекордни продажби во третиот квартал

cevrolet

Марката „Chevrolet“ достигна рекорден обем на продажбата во износ од 1.25 милиони нови автомобили во светот во третиот квартал од 2013-та година. Тоа е зголемување од 0.6 проценти во споредба со истиот период од 2012-та година.

Како целина компанијата „General Motors Co.“ регистрираше продажба од речиси 2.4 милиони автомобили во третиот квартал на 2013-та година, што е раст од 5.5 проценти во споредба со истиот период од лани.

„Брендот „Chevrolet“ е концентриран во својата цел да обезбеди во секој од своите автомобили технологии, карактеристики и убавини кои додаваат корисничка вредност и го зголемуваат задоволството на клиентите во работењето на нашите производи“, истакна Ален Бејта, виш потпретседател на „Global Chevrolet“.

„Во третиот квартал успеавме да привлечеме поголем број на клиенти за производите на марката благодарение првенствено на неколкуте нови модели, меѓу кои се „Corvette“, „Silverado“ и „Spark EV““, додава тој.

Петте водечки пазари на брендот „Chevrolet“ во однос на обемот на продажбата во третиот квартал од 2013-та година беа: САД , Бразил , Кина , Русија и Мексико.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП