26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNestle петтиот најомилен бренд во светот

Nestle петтиот најомилен бренд во светот

nestle3

Истражувањето спроведено меѓу 70.000 потрошувачи на 15 големи меѓународни пазари покажа дека компанијата „Nestle“ се наоѓа во групата на топ пет најомилени брендови во светот, а покрај тоа таа е број еден компанија од компаниите за производство на храна и пијалоци.

„Good Food, Good Life“ е ветување со кое се обврзуваме секој ден и на секого да му го подобриме животот со добрите вкусови на нашата храна и пијалоци. Големите напори кои ги вложуваат нашите вработени со цел да го остварат ова ветување резултираат со одлични резултати, како што покажуваат овие истражувања, кои ги освојуваат потрошувачите, изјави Патрик Була, потпретседател на маркетинг секторот во „Nestle“.

Секој ден „Nestle“ произведува околу милијарда производи кои се продавааат во речиси секоја земја во светот.

Како водечка светска компанија во областа на исхраната, здравјето и здравиот живот, „Nestle“ создава производи кои на потрошувачите им нудат повкусен и поздрав избор, и сето тоа веќе 150 години.

Во 2012 година глобалната продажба била поголема од 92 милијарди швајцарски франци, а 43 проценти од таа продажба е остварена на пазарите во развој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП