1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМате Римац сподели видео од новиот камп: Овде ќе се произведуваат новите...

Мате Римац сподели видео од новиот камп: Овде ќе се произведуваат новите ѕверки

Мате Римац, успешен претприемач од Ливно и основач на Rimac Automobil, сподели видео од новиот кампус во Света Недеља, Хрватска, кој ќе стане седиште на двете компании и еден од најголемите истражувачки и производствени комплекси во Европа.

-Вселувањето во кампусот е во тек, напиша Римац на својот профил.

Видеото е објавено и на официјалната Фејсбук страница на Rimac Automobil.

Римац претходно најави дека во кампусот ќе работат 2.500 луѓе и дека ќе се гради без заеми, средства од Европската унија или стимулации.

Со пробна патека околу комплексот, музеј, одделенија за дизајн, инженерство и производствени и тестирачки капацитети, новиот кампус, тврдат тие, ќе биде единствена локација и глобално седиште на групацијата Римац, објави Пословни дневник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП