3 јули, 2024
ПочетнаСВЕТКОЈ ПРВ ВЕ ИЗМАМИ?! Денеска е 1 април - Светски ден на...

КОЈ ПРВ ВЕ ИЗМАМИ?! Денеска е 1 април – Светски ден на шегата!

Денеска е 1 април, денот кога луѓето ширум светот си прават разни шеги меѓу себе, а оние со кои се шегуваме најчесто велиме: Априлили!

Историјата на овој ден и првоаприлските шеги не е сосема јасна и решително утврдена, но се претпоставува дека се работи за промена на календарот, поточно пред неколку векови многу земји преминале од јулијанскиот во грегоријанскиот. Во некои региони, луѓето кои го воделе стариот јулијански календар не биле свесни за промените, па сепак ја прославувале Новата година кон крајот на март или почетокот на април. Кога другите луѓе ја славеа Новата година на 1-ви јануари, тие ги задеваа со играње мајтап и шегување.

Нешто поинаква претпоставка е дека тоа е пролетен ден кој по правило треба да донесе посветло расположение, заминување на мрачните зимски денови.

Какво и да е објаснувањето, денес би можеле малку да се насмееме додека го држиме гневот на страна. Во светот низ годините можат да се видат многу шеги, а една од нив го привлече вниманието на многумина беше шегата на Би-Би-Си со таканаречената „жетва на шпагети“. Имено, во 1957 година Би-Би-Си емитуваше документарна програма наречена „Тековната жетва на шпагети“ во која се прикажани швајцарски фармери како берат шпагети од дрво.

За каква форма на шега и да се одлучите денес, треба да внимавате никого да не повредите и пред се да биде безопасна.

Насмевнете се денес бидејќи веќе е познато дека смеењето ослободува ендорфини, кои се природни „хормони на среќата“. Овие хемиски соединенија се поврзани со чувството на задоволство и среќа. Ова е причината зошто смеењето може да го подобри расположението, да ги намали чувствата на анксиозност и депресија и да го зголеми општото чувство на благосостојба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП