26 април, 2025
ПочетнаСВЕТСЕ ПОЈАВИ ВИДЕО ОД ДЕВОЈЧЕ КОЕ ЛИЧИ НА ДАНКА! Видено во придружба...

СЕ ПОЈАВИ ВИДЕО ОД ДЕВОЈЧЕ КОЕ ЛИЧИ НА ДАНКА! Видено во придружба на две романски државјанки?

Девојка која личи на исчезнатата Данка Илиќ, се појавила наводно во Виена, со двајца романски државјани.

Видеото од девојчето кое наликува на исчезнатата Данка Илиќ од Бањско поле е снимено на трамвајска станица во центарот на Виена, а го снимил Србин кој живее во австриската престолнина. Полицијата интензивно го анализира ова видео и секој најситен детал.

„Видеото е снимено на трамвајска станица во центарот на Виена, а го препратил наш човек кој живее таму. Како што рече, се обидел да разговара со двете жени кои се гледаат на видеото, но тие не зборуваа англиски или германски, но само романски. Од друга страна, немало основа да контактира со полиција само затоа што детето го потсетува на исчезнатата Данка“, пренесува Информер.

Блиц јавува и дека девојчето кое личи на Данка Илиќ била видена во придружба на две романски државјанки во Виена и дека оваа информација се уште е непроверена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП