30 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Citroën“ покажа атрактивно „SUV“ купе (ФОТО)

„Citroën“ покажа атрактивно „SUV“ купе (ФОТО)

Францускиот производител „Citroën“ продолжува да работи на својата глобална стратегија и сега претстави нов модел – „SUV“ купе наречено „Basalt Vision“. Припаѓа на семејството „C3“ и треба да се појави на јужноамериканскиот и индискиот пазар подоцна оваа година.

Засега, „Citroën Basalt Vision“ е само концепт, кој брендот го дефинира како „дизајнерска студија која е многу блиска до серискиот модел“. Компанијата исто така вели дека ја комбинирала „динамиката на купе со издржливоста на теренецот“. Значи, има многу растојание од подлогата во комбинација со елегантен заден дел. Така, автомобилот е многу сличен на „Fiat Fastback“ или „VW Nivus“, кои исто така се лансираат на истите пазари.

„Basalt“ е сличен по големина на „C3 Aircross“. Тоа значи дека ќе биде долг околу 4,30 метри, а меѓуоскиното растојание треба да биде 2,67 метри. За споредба, „VW Nivus“ е долг 4,26 метри и меѓуоскино растојание од 2,56 метри, додека „Fiat Fastback“ има димензии од 4,42 и 2,53 метри соодветно.

Новиот модел на „Citroën“ ќе биде помеѓу двата модели во однос на вкупната големина, но ќе има значително поголемо меѓуоскино растојание и затоа евентуално повеќе внатрешен простор. Сепак, досега не се објавени слики од кабината.

Во Јужна Америка серискиот „Basalt“ ќе биде опремен со 1.0-литарски трицилиндричен турбо мотор на „Fiat“ кој произведува 130 ks на 5.750 вртежи во минута. Добро познат мотор кој може да се најде и во „C3 Aircross“. Менувачот ќе биде „CVT“ автоматски кој ќе може да симулира седум брзини.

Моделот ќе дебитира во Индија во третиот квартал од годинава, а ќе се нуди со 1,2-литарски турбо бензинец со 110 ks, a ќе добие и електрична верзија. Во Јужна Америка, „Basalt“ ќе се појави во 2024-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП