17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМедведев: Помал економски раст

Медведев: Помал економски раст

medvedev1

Рускиот премиер Дмитриј Медведев оцени дека економскиот раст во 2013 година „во најдобар случај“ ќе биде два проценти.

Медведев додаде дека тоа е значително помалку во однос на претходните години, поради лошото меѓународно опкружување.

Со оглед на меѓународниот контекст, забавувањето на економските активности на нашата земја изгледа доста природно, што не не радува, изјави Медведев на состанокот со странските инвеститори, пренесуваат руските агенции.

Во првите осум месеци од оваа година растот на БДП изнесуваше 1,5 проценти во однос на истиот период минатата година, додека во 2012 година тој изнесуваше 4,5 проценти.

„Се очекува дека, во најдобар случај, растот ќе изнесува околу два проценти за цела година“, изјави Медведев.

Руската влада на почетокот на оваа година предвидуваше раст од 3,6 проценти. Меѓународниот монетарен фонд на крајот на септември прогнозираше дека руската економија ќе порасне за 1,5 проценти оваа година.

Руската влада се надева дека економијата ќе закрепне на почетокот на 2014 година, со што очекува раст од три проценти наредната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП