Силната заложба на градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски го враќаат Работнички на старите победнички патеки. Уште во предизборната кампања Герасимовски ветуваше дека ќе ја врати салата во сопственост на општината и успеа во тоа. Најави и рестартирање на клубот и судејќи по првите места на табелите и ова се исполнува. Инвестициите кои општината ги направи за клубот, новите спонзори но и промените во менаџментот дадоа резултати. Герасимовски пред утрешниот натпревар со Гостивар во салата Кале им даде поддршка на кошаркарите.
„Сакам да се заблагодарам пред се и на тренерот на цел стручен тим но и на сите играчи за одличните резултати коишто ги имаме годинава. Успеавме со клубот од невозможно да направиме возможно. Клубот којшто го начекавме пред две години на 10 место со 4-5 неисплатени плати и долг од 600 000 евра да го вратиме на победничките патеки. Важно е што во моментов табелата трепка што сме на прво место и се надевам дека тоа така ќе остане и до крај. Јас верувам дека ќе имаме успех оваа сезона и уште поголем успех следната“, им порача Герасимовски на кошаркарите.
При средбата Герасимовски ги извести играчите дека Општина Центар го има имотниот лист на салата и успеа да го исполни ветувањето дека ќе ја врати сопственоста на салата под ингеренции на општината. Општина Центар на крајот на минатата година доби финансиски средства од Владата во вредност од 30 милиони денари наменети за реконструкција на салата, при што Герасимовски ги информираше играчите со процесот и проект планот кој е веќе во изработка за реновирање на матичната сала на Работнички. Конечно Работнички Конечно Работнички се враќа на шампионските патеки, ви благодарам за тоа, порача Герасимовски.