Според пресметките на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2026 година, изнесуваше 49 141 денар.
Во септември 2026 година, во однос на септември 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 8.1 %.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 11.6 %, Административни и помошни услужни дејности за 10.6 % и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 10.0 %.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење камен за 6.0 %, Преработувачка индустрија за 3.0 % и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 2.5 %.
Со просечна плата од 110 801 денар, програмерите се убедливо најплатени во државата, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Втори на списокот топ пет најплатени професии се Научно истражување и развој, кои во ноември земале во просек 87 241 денари нето плата. Следуваат вработените во Воздухопловен транспорт со 78 564 денари, па вработените во Складирање и помошни дејности во превозот со 74 905 денари и последни од топ пет се вработените во Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати со 71 991 денари нето плата.
На другата страна на скалата, топ три најнеплатените професии во земјава се со минимум трипати и дури над четири пати пониски плати од професиите со највисоки примања. Така убедливо на дното се вработените во секторот “Заштитни и истражни дејности” со просечна плата од 28 056 денари. Следуваат вработените во секторот “Рибарство и аквакултура” со 30 750 денари, па тие во Производство на кожа и слични производи од кожа со 32 319 денари.