12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКипар: Дефицитот помал од планираниот

Кипар: Дефицитот помал од планираниот

kipar8

Кипарскиот буџетски дефицит следната година ќе биде понизок во однос на целта договорена во рамките на програмата за меѓународна помош за Никозија.

Министерот за финансии на Кипар, Харис Јоргијадес изјави дека острите мерки за штедење го намалиле јавниот дефицит за 2014 година на седум проценти од бруто домашниот производ (БДП), што е под целта од 8,25 проценти, која ја одредија партнерите на Никозија од еврозоната иМеѓународниот монетарен фонд, пренесува агенција АП.

На Кипар во март му беше одобрен пакет помош од десет милијарди евра, кој му помогна да избегне банкрот, но цената за тоа ја платија штедачите на двете најголеми банки, чии неосигурани депозити претрпеа „скратување“.

Покрај тоа, властите воведоа контрола на капиталот, со цел да се спречи масовен одлив на средства од банките.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП