27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕШТО СЕ СЛУЧУВА АКО ЈАДЕМЕ СУПА СЕКОЈ ДЕН? Една е најздрава, влијае...

ШТО СЕ СЛУЧУВА АКО ЈАДЕМЕ СУПА СЕКОЈ ДЕН? Една е најздрава, влијае на различни органи

Нема некој кој не ја сака домашната супа што ја подготвуваат мајките и бабите. Домашната супа има бројни здравствени придобивки, го хидрира организмот, влијае на варењето и е корисна за дигестивни проблеми. Научник од Медицинскиот центар на Универзитетот во Небраска открил некои дополнителни здравствени придобивки од домашната супа.

Но, што се случува во телото со нејзино често консумирање или на пример секој ден? Правењето супа полна со зеленчук може да го подобри здравјето на цревата, според популарниот сајт за исхрана Eat This, Not, That.

„Супите полни со зеленчук се одлични за вашите црева од повеќе причини. Со јадење супа, добивате повеќе влакна во вашата исхрана, што е одлично за варење и ситост, а многу од зеленчуците кои најчесто се наоѓаат во нив, како празот и кромидот, содржат пребиотски влакна кои ги хранат добрите бактерии во цревата“, вели истражувачот Меги Михалчик.

Исто така, супата е одличен извор на протеини, особено супа со коски, истакнува Елизабет Вард, коавтор на планот за исхрана во менопауза. Истражувач од Медицинскиот центар на Универзитетот во Небраска открил дека класичната пилешка супа има голем број на придобивки кога сте настинати. Истражувањата покажуваат дека супата од зеленчук е најздравата супа што можете да ја јадете.

Супите од зеленчук се полни со минерали, витамини и биоактивни растителни соединенија. Овие супи, исто така, промовираат хидратација и ситост, повеќе од која било друга храна или пијалок. Доколку е направена од животински коски, содржи колаген кој ја обновува рскавицата, а влијае и на свежината на кожата, а со тоа го забавува стареењето. Бонус е и тоа што влијае на намалување на целулитот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП