27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАTikTok под истрага во САД поради сомневање за заштита на податоците на...

TikTok под истрага во САД поради сомневање за заштита на податоците на корисниците

Американската Федерална трговска комисија започна истрага за социјалната мрежа TikTok поради сомневања за заштита на податоците на корисниците, што може да доведе до правна постапка против компанијата.

Комисијата истражува дали дел од американскиот федерален закон за заштита на потрошувачите кој ги забранува наводните „нефер и измамнички“ деловни практики на TikTok е прекршен со само негирање дека поединци во Кина имаат пристап до податоците на корисниците на социјалната мрежа во САД, пишува АП.

Исто така, се проверува дали TikTok евентуално го прекршил федералниот Закон за заштита на приватноста на децата на интернет.

Истрагата е последна во серијата правни битки за компанијата, која е во целосна сопственост на кинески капитал.

TikTok е исто така цел на предложениот федерален закон, неодамна усвоен во Претставничкиот дом на Конгресот, кој може да доведе до забрана на социјалната мрежа во САД, доколку компанијата не ги прекине сите врски со својот кинески сопственик, ByteDance.

Американските законодавци и претставници на разузнавањето веруваат дека кинеската влада би можела да го користи TikTok за да пристапи до податоците на американските корисници или да влијае на Американците. До денес, американската администрација не покажала никакви докази дека тоа некогаш се случило.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП