Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се согласи на средба меѓу американски и израелски претставници за можната воена операција во Рафах, потврди денеска Белата куќа, откако Нетанјаху претходно изјави дека нема да испрати делегација бидејќи САД не ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност за појасот Газа.
„Канцеларијата на израелскиот премиер се согласи да ја презакаже средбата посветена на Рафах, што е добро, и сега работиме на одредување датум што ќе биде погоден за двете страни“, изјави портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, пренесе Си-Ен-Ен.

